Попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев”, членот на Управниот oдбор на Фудбалската федерација на Македонија, Тони Иваноски, го додели пехарот на ФК Победа, за освоеното 1-во место во Втората лига за сезоната 2015/2016. Пехарот од рацете на Иваноски го прими капитенот Тони Мегленски по што следеше фотографирање со пехарот за клубската историја….
Победа на супериорен начинна две кола пред крајот на првенството, избори пласман во Првата лига, иако на полусезона имаше значително бодовно заостанување (5 бода), во однос на есенскиот првак Љубанци, но со фантастичната пролет и серијата од 7 последователни триумфи, црвено-белите се вратија таму каде и им е местото во најелитната македонска фудбалска конкуренција.
Со Победа, и Пелситер, кој денес вторпат во баражот го совлада Турново, Првата лига несомнено во новата сезона ќе биде далеку поатрактивна за следење од страна на љубителите на фудбалот во земјава….