Мегапопуларната турска актерка Мерием Узерли го освои срцето на домашната публика со улогата на султанката Хурем во популарната серија „Величествениот“ која се емитуваше на програмата на Канал 5 телевизија.
Атрактивната актерка и понатаму е многу популарна и активна.
Актерката чиј заштитен знак беше црвената коса, а по улогата на Хурем им остана верна на светлите тонови на косата, главно беше светла бринета или русокоса, сега прави драстична промена на имиџот.
Поради потребите на улогата во новиот филм Мерием се офарба во црно.
Поголем број од нејзините фанови на социјалните мрежи се сложуваат дека актерката изгледа феноменално и со новиот имиџ и дека темната коса и ги истакнува сините очи.