ЦК “Марко Цепенков” потврди: ДЗС го затвори прилепскиот театар, сите премиери и претстави се одложуваат на неодредено време

Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден го затвори прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“.

Од ДЗС велат дека се констатирани неправилности и прекршувања во низа закони, кои пропусти претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот, отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот.

Попладнево со соопштение се јавија и од Центарот за култура “Марко Цепенков” Прилеп, институција под чија надлежност е и театарот “Војдан Чернодрински”.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

“Почитувани почитувачи, следбеници, поддржувачи, верна публико и драги прилепчани, со доза на горчина ве извесуваме дека:

Согласно препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби.

Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ – Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.
Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време.

Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман.

За сите понатамошни решенија и одлуки од надлежен институционален ентитет кои не обврзуваат на спроведување на истите, ве замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК „Марко Цепенков“, Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп.

Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката.
Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.