Циpкyз: Гpaдоначалникот не го потпишyва peшението на нов командиp, навива за cтapиот?

Советот на Општина Прилеп, на 60-та ИТНА седница на Совет, согласно член 51 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” број 5/02), го разгледа Решението бр.08-1939/3 од 04.08.2021 година на Градоначалникот на Општина Прилеп, со кое се запира објавувањето на Решението за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност-Прилеп, со бр.09-1924/6, донесено од страна на Советот на Општина Прилеп на 59-та седниица одржана на
ден 29.07.2021 година.

Советот со 15 гласови ,,против,, донесоа Заклучок за неприфаќање на решението на Градоначалникот на Општина Прилеп, а со тоа го потврдија актот донесен на претходната 59-та седница на совет односно Решението за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност-Прилеп.

ШТО ЗНАЧИ ОВА?

Советот на 29. јули донесе одлука со која за командир на Полициската станица со општа надлежност Прилеп, се назначи Дарко Цуцулески.

Советот со оваа одлука назначи нов командир, иако претходниот командир, кој беше yaпceн во акциja на американската ДЕА и е ocoмничен за директна инволвираност во трговијата со дpoга, се уште не е paзpeшен.

Според соопштението на веб страната на општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски донел Решение со кое се запира објавувањето на Решението за избор на нов командир.

Но, Советот денеска со 15 гласови ,,против,, донесе Заклучок за неприфаќање на ваквото решение на градоначалникот, со што сега важи одлуката на советниците за избор на Цуцулески за нов командир на ПС Прилеп.

Ваквите случувања предизвикуваат неколку дилеми.

Дали градоначалникот го брани законот, или навива за претходниот командир Кире Спиркоски-Чипсио?

Што се случува со советниците на СДСМ во Советот на општина Прилеп? Дали на 2 месеци пред избори со ваквата одлука му објавуваат војна и непослушност на Јованоски, кој има поднесено кандидатура за нов мандат?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.