Синоќа во салата на “ООУ Добре Јованоски – Прилеп“ се одржа хуманитарен кошаркарски настан, на кој се одиграа ревијални натпревари помеѓу екипите на КК Мега Баскет, ЖКК Мега Баскет и ветераните на КК Гоце Делчев – Прилеп.
КК „Гоце Делчев“ е првиот кошаркарски клуб во Прилеп кој е формиран на 7 март 1948 година, со фузија на двете фискултурни друштва „Гоце Делчев“ и „Прилеп“.
За екипата на КК Гоце Делчев – Прилеп настапија прилепските кошаркарски легенди:
Печијарески Иван – Печио, Стевананџија Тони – Цицо, Вујасонивич Томо, Алексоски Бранко – Арчио, Димитриоски Сашо – Сенката, Костоски Сашо – Џигио, Менде Младеноски – Банако, Диме Ристески – Сидро, Влатко Атанасоски – Лешперо, Дисоски Бранко – Дисо, Горан Ристески – Таленто, Гоце Ристески – Шејнио, Марјан Здравески – Крке.
Тренер на екипата беше Пеце Ангелески – Коритото, а помошен тренер Брсакоски Драган – Брсако.
Судии на натпреварот беа Александар Дамески и Петар Деспотоски.
Се на се, публиката во преполната сала имаше можност да ужива во одличен натпревар, а прилепските кошаркарски легенди покажаа дека се уште умеат да играат и располагаат со одлични потези на теренот.
Натпреварот немаше натпреварувачки карактер, а собраните средства од влезниците ќе се донираат во хуманитарни цели.
На трибините присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој стандардно ги следи сите спортски случувања во градот.