Ципpac cpeдe Oxpид до 3aeв: Tpeба да менyвате yчебници и имиња на jaвни cyбjeкти доколкy caкате напpeдок кон ЕУ

Алексис Ципрас, кого Заев го нарече добар пријател и на приватен план, среде Охрид му изрази незадоволство на македонскиот премиер поради нецелосната имплементацијата на Преспанскиот договор – објави “>”АЛФА ТВ”

На одбележувањето на три години од неговото потпишување, тој порача дека Македонија ќе мора да ги менува имињата на јавните субјекти, но промена ќе биде потребна и во учебниците доколку сакаме напредок кон Европската унија. Меѓу јавните субјекти е Фудбалската федерација на Македонија, која според ставот на Ципрас веројатно ќе мора да си ја запише и додавката Северна, иако тоа не пропишано со договорот потпишан во Преспа пред три години, бидејќи не добива буџетски пари.

-Имплементацијата на договорот треба да продолжи доследно, особено со имињата на јавните субјекти и промената на школските книги. Единствениот пат за да продолжиме напред е да продолжиме да градиме доверба меѓу нас. И се разбира ова е патот за да продолжи интеграцијата на Македонија, изјави Ципрас.

Премиерот Заев можеби не очекуваше дека од грчкиот гостин ќе добие ваква порака, па пред Ципрас да се обрати, со суперлативи за нивното пријателство, за помошта која си ја давале еден на друг при постигнувањето на Преспанскиот договор, за тоа како внимавале како истиот ќе биде прифатен во јавноста и во институциите кај другата страна. Инаку, освен пријателот на Заев, кој во моментов е лидер на опозицијата кај јужниот сосед, во Охрид на одбележувањето на овој, според нашиот премиер историски договор, не дојде грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а не се појави ниту еден друг владин функционер од Атина.

-Како би постигнале едно такво огромно големо решение како што е Преспанскиот договор, ако не постои искрено пријателство и затоа овде се поставуваат две важни прашања. Што е ако не е пријателство кога водите грижа за другата страна, за вашиот политички партнер со кој што разговарате и преговарате, водејќи грижа за неговите позиции, за тоа како тој ќе го објасни тоа дома пред својот народ, пред своите институции можното решение. И обратно, изјави Заев.

Македонија го промени името на државата, ги промени имињата на државните институции, беа брусени и шахти. Едноставно, додека Македонија исполнува речиси се од она што го потпиша во Преспа, јужниот сосед не се покажува ни на она малку што е негова обврска. Иако во договорот е запишано дека на патоказите во Грција ќе стои новото име на државата, сепак таму не можеме да видиме збор Македонија, го гледаме само името на нашиот главен град Скопје.

Матеја Петровски

ВИДЕО прилогот погледнете го <a href=”https://alfa.mk/prijatelot-czipras-srede-ohrid-do-zaev-treba-da-menuvate-uchebniczi-i-imina-na-javni-subjekti-dokolku-sakate-napredok-kon-eu/”>ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.