Ципрас ги поздрави Македонците: “Родени во смачкано племе….?”

Eкс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Твитер ја прокоментира поддршката која поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас му ја даде на Зоран Заев во пресрет на изборите на 15-ти јули

“Со овие стихови од Конески, Ципрас го поддржа СДСМ

“Уште рика истата мака во мене дека сум роден во смачкано племе сејач на глуво семе”

Само мене ми стои дека човекот се зеза и со СДСМ и со сите нас? Зошто баш овие стихови? Кое е смачканото племе? Кој е сејач на глуво семе?” – напиша Димовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.