Циклон се движи кон Македонија- најавени интензивни врнежи од дожд и снег

Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Утре претпладне ќе се задржи стабилно и суво додека во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северните предели ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени. Врнежите ќе се интензивираат во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела кога ќе се прошират насекаде и истите на планините ќе бидат од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.