Циклонот “Невен” зема замав: Вонредна временска прогноза

Во следните часови над Јадранот ќе се формира секундарен, но плиток циклонски систем кој во следните денови во најголем дел од Балканскиот Полуостров ќе условува поинтензивни снежни врнежи, со што речиси насекаде ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка, информира метеорологот Славчо Попоски.

На пониските места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на некои места и повеќе додека на планинските дури до околу 50 сантиметри – локално и повеќе.

Поради ваквата ситуација граѓаните, доколку овие денови планираат да патуваат во регионот, да бидат внимателни и задолжително со себе да си понесат зимска опрема. Оние пак кој се љубители на зимскиот спорт следните денови тоа можат да го направат на скијачките центри низ регионот.

Што се однесува пак до снегот во Македонија, засега во значителни количества не го очекуваме, освен во вид на провејување како што и најавивме уште пред неколку денови и ќе го има во вид на локално провејување денес (четврток) попладне и навечер, како и утре (петок), особено претпладнето – додава метеорологот Славчо Попоски.

Денеска попладне и во текот на ноќта, како и утре претпладне врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и во јужните делови каде на места ќесе формира снежна покривка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.