Последните анализи кој ги направивме укажуваат на тоа дека од викендот па натаму моќниот циклон Андреа кај нас но и во регионот ќе услови доста обилни врнежи од дожд кој барем засега може да условат локални поплавувања во зоната на нестабилноста која се очекува, соопшти метеорологот Славчо Поповски.
На повеќе места се очекува и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места нестабилноста ќе биде интензивна и проследена со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град кој може да биде и доста интензивен.
Поради повторниот пад на температурите ширум регионот однсоно на високите планини повторно ќе има врнежи од снег со што може да дојде до формирање на нова снежна покривка. На следната метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на воден талог во следниот период:
Во Македонија моќната Андреа ќе донесе количество на воден талог локално и над 40 л/м2.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел