Цигарите „Ронхил“ заминуваат во историјата

После 37 години, цигарите Ронхил заминуваат во историја, изјави на денешната прес-конференција Џон Брејди, член на Управата на „Бритиш Американ Тобако Адрија“.

ronhil-cigari

Тој најави дека кон почетокот на октомври, брендот Ронхил ќе биде преименуван во Данхил, јавува хрватски Тпортал.

– Со влегувањето на Ронхил во семејството Данхил, обезбедуваме нова иднина за потрошувачите на овој бренд. После осум години постојана работа, Ронхил изгуби повеќе од половината од својот почетен удел во пазарот, поради што е јасно дека потрошувачите бараат промени, истакна Брејди.

Ронхил, првпат на пазарот се појави во 1979 години, а според податоците за продажба, во 2007 години биле продадени 5,8 милијарди кутии Ронхил.

Според фабриката за производство на цигари Ровињ (Творница духана Робињ-ТДР), која ги произведува овие цигари, наведува дека пазарниот удел на Ронхил во Хрватска изнесува 42 отсто, што значи дека ги конзумира секој трет потрошувач.

Бритиш американ Тобако ја купи ТДР минатото лето за 505 милиони евра, при што се обврза дека ќе го задржи производството најмалку пет години. Но очигледно, во договорот немало дека мора да ги задржи и брендовите на ТДР.

Судбината на Ронхил, претходно ја доживеа Јорк, кој стана Пал Мал, а се очекува Волтер Волф да стане Лаки Страјк.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.