Семејството Ражнатовиќ доби понуда да учествува во ријалити шоу, слично на она кое го имаат во семејството Кардашијан.
Некоја приватна продукција и понудила на пејачката да го следат секој нејзин чекор, вклучувајќи ги и нејзините деца, во период од месец дена, за хонорар од 400.000 евра.
“Шоуто би било слично како она на семејството Кардашијан. Планирано е камерите да бидат поставени во нејзината вила со цел да се сними балканската ѕвезда во домашна опуштена варијанта. Сепак спалната соба не би била вклучена во целото шоу”, открива извор за Курир Старс.
Притоа доколку Цеца се согласи во целото шоу да биде вклучени и нејзиното семејство, нејзината сестра Лидија со сопругот и децата, како и нејзините татко и мајка, тогаш пејачката би добила бонус од 100.000 евра.
А.Г.