Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп има нова директорка. Марија Попова Јованоска отсега ќе ја извршува оваа функција, а доаѓа на местото на досегашната директорка – актерката Јасмина Мицовска Станкоска.
Предност на новата директорка ќе биде тоа што таа повеќе години работи во Центарот за култура и одлично ги познава приликите во оваа институција.
Важи за личност која е блиска со вработените, па сите веруваат дека одлично ќе раководи со институцијата.
Да и’ посакаме среќа и успех во работата!