Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп предводник на културата и уметноста во Македонија

Во временскиот период од 2007 до 2017 година НУЦК „Марко Цепенков“ од Прилеп оствари завидни резултати на полето на културата и уметноста, но и во поглед на инвестициите, подобрувајќи ги условите за презентација на културните настани.

BeFunky Collage

  • Во овој изминат период реализирани се 370 изложби, со што ЦК „Марко Цепенков“ е на врвот во Македонија по презентацијата на ликовната уметност. Девет години успешно опстојува ликовната колонија Дрен, која е вистински бренд не само за градот, туку и за Македонија, бидејќи стана препознатлива ликовна манифестација не само на Балканот, туку и во другите земји.

FUN_3109

  • Oдржани се околу 200 концерти, со што се посвети поголемо внимание на музичко сценската дејност, претставувајќи врвни ансамбли и музички групи од земјата и од странство.

_MG_3579

  • Театарот „Војдан Чернодрински“ прикажа 40 премиерни претстави и оствари бројни гостувања на врвни и престижни фестивали – ЕКС ПОНТО во Љубљана, МЕСС во Сараево, во Букурешт Романија, во Бугарија, Црна Гора, од каде се врати со престижни и значајни награди. Награди беа освоени и неколку пати на МТФ „Војдан Чернодрински“ при што театарот беше прогласуван за најдобар преку одличните претстави.

bure barut 1

  • Се вработија млади кадри – актери, режисери и драматурзи со што се комплетира ансамблот на театарот.

DSCN9783

  • Континуирано се придонесуваше за популаризација на литературата преку списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ кое секоја година донесуваше нови содржини.

 DSCN9727

За овие 10 години сите овие манифестации, кои ги организира Центарот за култура „Марко Цепенков“, ги посетители над 150.000 посетители.

DSCN9352

Почнувајќи од 2007 година до денес е посветено големо внимание и на вложувањата во двата објекти на Центарот за култура – ( Домот на културата „Марко Цепенков“ како и објектот на театарот „Војдан Чернодрински“ ).

Со средства од Министерството за култура, локалната самоуправа и сопствени средства на Центарот за култура реализирани се следните проекти :

  • Се обнови фасадата на зградата на Домот на културата.
  • Се препокри театарот и со вториот проект се реновираа внатрешно санитарните јазли за што беа вложени 4,2 милиони денари, средства од обезбедени од Министерството за култура.
  • Се препокри дел од објектот на Центарот за култура за што беа инвестирани 700.000 денари, исто така средства на Министерството за култура.
  • Локалната самоуправа во 2013 година вложи околу 4 милиони денари за да се реновира и профункционира киното Мис Стон, во кое се прикажуваат различни жанрови на филмови и во 3Д. Со оваа инвестиција Прилеп доби кино после цели 20 години.
  • Најмногу средства, односно 3,5 милиони денари, преку Министерството за култура, се вложени за реновирањето на големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ која во 2015 година доби нов лик, после 35 години откако е направена.
  • Минатата година ЦК „Марко Цепенков“ оспособи и нов изложбен простор – галеријата „Борко Лазески“, а им овозможи и на членовите на ДЛУП да творат во ликовно ателје, за прв пат од нивното постоење.
  • Постојано низ овие години се води грижа за Младинската драмска сцена, при што со реновирањето на еден дел од просториите на Центарот се доби простор за дејствување на младинската драмска сцена, која годинава прослави 10 години од постоењето.
  • Континуирана поддршка на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
  • Контунирано секоја година се вложуваше и во набавка на нова опрема за потребите на театарот и на Центарот.

Во ЦК „Марко Цепенков“ мотото е – СЕ ЗА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА!

Па така постојано се барат нови форми за презентација на културата и уметноста, но напоредно се води грижа за подобрување на условите не само за презентација на културните настани, туку и за реконструкција на објектите.

^E77C37A8CD55B76147EA75D830D692F27AE3EDE73A51B7099F^pimgpsh_fullsize_distr

Идни планови кои се планира да се реализираат со поддршка на Министерството за култура и Општина Прилеп се :

  • Изградба на нов театар, кој ќе биде од репрезентативен карактер
  • Објектот на стариот театар ќе прерасне во Младински културен центар
  • Комплетна реконструкција на зградата на ЦК „Марко Цепенков“ што треба да се случи по речиси 38 години од изградбата на објектот и техничко доопремување на внатрешноста на објектите и салите, како во Центарот за култура, така и во театарот.

DSCN9992

Центарот за култура „Марко Цепенков“ и понатаму ќе продолжи да биде храм на бројни манифестации на општо задоволство на сите граѓани.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.