ЦЕНОВНИК: Колку чини лажен брак за пасош во ЕУ?

Личните огласи на балканските интернет огласници се почесто се полнат со граѓани кои бараат фиктивни брачни партнери, за на тој начин да стигнат до државјанство од некоја од земјите од ЕУ, но и прекуокеанските земји.
eu-passport-world-map-23581885_thumb_medium500_370

„Човек и жена со унгарско државјанство нудат брак во замена за парична надокнада“, „Потребна е жена од Швајцарија за фиктивен брак“, „Барам девојка од Унгарија за брак, само за добивање на документи“ – се само дел од огласите со понудата и побарувачката.

Цените почнуваат од 3.000 евра, за колку можете да добиете фиктивен брак во Унгарија. За Австрија може да се најдат понуди од 5.000 евра, додека за Канада, Англија и Германија по 6.000 евра. До неодамна брачен другар „на заем“ во Германија можеше да се најде и за пониска сума, но побарувачката е се поголема, пишува „24сата.рс“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.