Цени на кои нема да верувате, а ги има само во еден локал во Прилеп – од доручек до вкусни бургери, полни даски и слатки задоволства (Фото галерија)

Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп, се наоѓа едно прекрасно катче кое освојува со својата пријатна атмосфера и богата понуда.

Најголем дел од вас веќе знаат дека станува збор за Brunch Box Café, кафуле со душа и прекрасен амбинет кое од ден во ден се повеќе изненадува со својата понуда, примамливи цени и прекрасниот простор за релаксација и опуштање.

Локалот се издвојува по својата прекрасна летна бавча, совршено место за утринско кафе, доручек, ручек, разни закуски и мезлаци, во кои можете да уживате тука, или да си порачате и да дегустирате заедно со најблиските на семејната трпеза.

Ве каниме денот да го започнете со свеж и крцкав кроасан кој се топи во уста и ароматично кафе по избор, по цена од само 100 денари, или цеден сок + кафе за 110 ДЕН – ПОНУДА КАКВА НЕМА НА ДРУГО МЕСТО! Тоа со сигурност ќе ви отвори апетит за она што следува во продолжение, а тоа е неодолив доручек.

Што може да доручкуваш во Brunch Box Cafe?

🍳 Класик омлет (шунка, кашкавал) – само 120 ден.
🥩 Брaнч омлет (врат, кашкавал) – 140 ден.
🌯 Омлет во тортиља (шунка, павлака, кашкавал, салата) – 140 ден.
     Англиски доручек (јајца, врат, сирење, краставица, домат) – 130 ден.

Brunch Box Cafe е одлично место и за сите ученици кои тука можат да добијат најевтини оброци и да заштедат на џепарлакот, па така тост со шунка, кашкавал и помфрит, ќе ве чини само 100 ден.

🥩 Тост со врат, кашкавал и помфрит – 140 ден.
🥬 Веге кроасан (марула, салата, маслинки) – 70 ден.
🔥 Тостиран кроасан (шунка, кашкавал, павлака) – 80 ден.

Но, она што навистина ќе ве натера прво да ги посетите, а потоа и повторно да се вратите, се нивните обилни, домашни хамбургери подготвени со свежи состојки, полни вкус и сервирани со крцкави помфрити

🍔 Classic burger – 120 ден.
🧀 Cheese burger – 130 ден.
🥓 Bacon или Brunch burger – само 140 ден.

Во менито ќе ги најдете и неодоливите тортиља со пилешко месо и специјален сос, полна со крцкав помфрит, за само 140 денари – комбинација која ќе ве освои уште по првиот залак, како и кебаб сендвич со благ сос, свежа салата и крцкав помфрит – голем, сочен и вкусен, по цена од само 200 денари.

Тука се и неодоливите даски, кои одлично одат со друштво и добро вино во ноќните часови.

А за малку ќе заборавевме… После секој вкусен оброк добро би ви дошло и благо задовоство, па никому нема да му штети една вкусна палачинка или кремаст кроасан полнети со разно-разни преливи и додатоци.

Brunch Box Cafe – дојдете заради мирот, останете заради вкусот!

Посетете ги уште денеска, или нарачајте на телефонскиот број: 078 845 442.

Ве очекуваат со широка насмевка и полна чинија!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.