Цените на горивата растеа, цените на производите отидоа до небо! Сега горивата паднаа, а трговците мудро молчат – ќе стави ли некој крај на ова?

Кога поскапуваат горивата, обично се поскапува, но кога нивната цена ќе се намали, тој тренд не го следи никој.

Анализата на цените на дизел горивото во последните 2 години покажуваат дека во моментов имаме втора најниска цена откако во мај лани, литар дизел се продавал за 66,5 денари.

До септември лани, цената скокнала за нешто под 50% до ниво од 87 денари.

Највисоката цена на дизелот во последните 2 години била на 13 октомври 2022 година кога литар дизел се продавал по 103,5 денари.

До овој момент, поради намалената цена на горивата не се намалуваат цените на производите за широка потрошувачка, ниту пак цените на транспортот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.