Цената на нафтата паѓа на светските берзи, Регулаторна денеска на потег

Цената на суровата нафта падна на ниво од околу 100 долари за барел. Тоа е намалување за околу 8 долари по барел во последните 5 дена, што значи дека Регулаторната комисија за енергетика веројатно денеска ќе мора да донесе одлука со која ќе ги спушти малопродажните цени на нафтените деривати.

Регулаторната комисија за енергетика последен пат цените ги намали на 4 април кога бензините поевтинеа за 2,5 а дизелот за 1,5 денари по литар. Во тој период нафтата беше за речи си 10 долари по барел поскапа од цената која што ја има денеска.

Понеделник е редовен ден за ценовни корекции па имајќи ги предвид движењата на цените, за очекување е да имаме некое позначително поевтинување на нафтените деривати во земјава.

Во моментов бензините се продаваат за 83 односно 81 денар по литар а дизелот чини 82 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.