Веќе станува АЛАРМАНТНО! Проблемот со кучињата скитници во Прилеп сега е распространет во речиси сите населби во градот, а граѓаните редовно ни испраќаат фотографии и видеа од цели глутници пред нивните домови.
Најновата поплака од граѓани е од населбата Марино Маало, каде деноноќно е присутна глутница од десетина кучиња скитници. Граѓаните стравуваат за своите најмали, бидејќи кучињата се често присутни околу основното училиште “Гоце Делчев” и детската градинка.
Фотографијата е од утрово токму пред градинката “Наша иднина” во оваа населба.
Апел до новиот директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп, ова да биде еден од приоритетите со кои ќе се занимава на стартот од својот мандат.
За потсетување, пред неколку дена во Битола, двегодишно дете беше испокасано од група кучиња скитници додека си играло пред својот дом.
























