Строго е забрането качувањето по пирамидите во Египет. Доколку се обидете, освен што можете да се повредите поради оштетувањата на тие прастари споменици, можете да завршите и во египетските затвори.
Меѓутоа ова не го премисли германскиот авантурист Андреја Циесиелски од Минхен. Овој 18 годишник обожува да се качува по високи згради и разни споменици.
Ова не е прв пат Андреја да направи ваков подвиг. Тој е познат и по неговите посети во Дубаи и Хонг Конг.
Ф.Г.