ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протecти во 15 градови низ државата.
Пробиштип беше еден од градовите каде имаше голем број граѓани, кои излегоа да го изразат револтот за пазарењето на власта со македонската историја, и отстапките кои ги прави премиерот Зоран Заев кон Бугарија.
Низ улиците на Пробиштип се формираше километарска колона од возила, а граѓаните порачаа дека никој нема право да преговара со народните херои и народноослободителната борба.