Цел град навиваше за Мила, а таа ги смести Прилеп и Македонија на високото шесто место во Европа (ВИДЕО)

Претставничката на Македонија Мила Москов, на овогодинешниот “Детски Евросонг” го освои високото шесто место.

Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

Мила Москов ја „запали“ сцената во Гливице, Полска. 14-годишната пејачка од Прилеп настапи со песната „Fire“ на јуниорската Евровизија.

Нејзиниот настап за 24 часа има над 90.000 прегледи на официјалниот јутјуб канал.

Нашето талентирано девојче ја имаше целосната поддршка од нејзините соученици од ООУ “Кочо Рацин”, а за Мила се навиваше и пред Градскиот часовник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.