Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп, се наоѓа едно прекрасно катче кое освојува со својата пријатна атмосфера и богата понуда.
Омиленото за многумина Box Café, сега премина во Brunch, место каде освен во голем избор на освежителни пијалоци и кафе, можете да уживате и во богато мени со закуски, доручеци и разно разни закуски.
Со својата пространа и пријатна бавча, овој локал е идеален избор за утринско кафе, попладневна пауза или дружба со најблиските во вечерните часови.
Менито изобилува со свежи и внимателно подготвени деликатеси – неодоливи кроасани, разни слатки задоволства, палачинки, торти, тука е и омиленото за многумина пресно трилече, а за оние кои се повеќе по соленото, Brunch Box Café нуди крцкаци тостови кои ќе ве освојат со првиот залак, како и богато сервирани даски со избор на сувомеснати производи, избор на сирења и разни сезонски додатоци.
Имаат и сендивичи, и тоа буквално секакви, сето тоа приготвено со многу љубов, свежи состојки, и секако многу богати и вкусни.
Иако се’ уште многу млад, сопственикот на локалот Дарко Мискоски, зад себе има големо угостителско искуство. Нема човек во Прилеп, особено младите, кој не го познава. Сите знаат дека станува збор за учтиво и трудољубиво момче, кој сега преку своето стекнато искуство сака да понуди нешто поразлично во својот град. Дарко има за цел од неговиот локал да направи омилена дестинација, како за помладите, така и за повозрасните сограѓани, и во тоа веруваме дека ќе успее. Зошто?! Па затоа што деноноќно се вложува себе си, има подготвено пакети со храна и пијалоци кои одговараат за сечиј џеб и затоа што работи чесно, одговорно и со почит кон сите.
Наша цел е секогаш до максимум да ги поддржиме младите луѓе и нивните бизниси, и затоа ве каниме уште денеска да го посетите ова пријатно катче. Дојдете и уживајте во некој освежителен пијалок, испијте кафе со друштвото и најблиските, уживајте во лимонада со вашите најмали, пробајте ги разните блади и солени задоволства и понесете пријатни спомени што ќе ве натераат повторно да се вратите.
Brunch Box Café не е само место за храна – тоа е доживување што инспирира и опушта! Ова лето ве очекуваме заедно да уживаме и да се разладуваме.