Укинат е полицискиот час кој во Федерацијата Босна и Херцеговина, на сила беше од 21 март како мерка, а со кој беше забрането движењето од 20 до 05 часот.
Федералниoт штаб на цивилна заштита донесе наредба за укинување на полицискиот час во Федерацијата Босна и Херцеговина.
Полицискиот час беше воведен на препорака на федералниот министер за внатрешни работи Аљоша Чампара кој во четврток до Федералниот штаб на цивилната заштита упати предлог за укинување на наредбата за забрана за движење на граѓаните.
На граѓаните без дозвола им беше забрането да се движат од 20:00 до 5:00 часот.
На децата и на постарите луѓе им е дозволено да се движат три дена неделно.
Лицата над 65 години може да излегуваат три дена во неделата (понеделник, среда и петок) од 9:00 до 13:00 часот.
На лицата помлади од 18 години им е дозволено движење во вторник, четврток и сабота од 14:00 до 20:00 часот.
За останатите, дозволено е движење без никаква забрана.