Во неделата вечерта околу 22:00 часот опожарено возило марка “Рено 19” ги вознемири жителите на улица “11-Октомври” во Прилеп.
Возилото кое е во сопственост на Ф.З. од Прилеп целосно изгоре, а според сопственикот најверојатно пожарот е подметнат.
Од страна на противпожарната единица Прилеп е интервенирано, а полицијата работи на откривање на причините за настанатиот пожар.