Целосно забрзување на изградбата на пречистителната станица во Прилеп

1`2121

До крајот на оваа година се очекува доведување во финална фаза на градежните работи околу пречистителната станица во Прилеп. При вчерашната посета, министерот за животна средниа Нурхан Изаири, го потврди тоа.

Овој капитален и од огромно значење проект за Прилеп и граѓаните на Прилеп, е вреден 10 милиони евра,  од кои 20% се обезбедени од страна на државата, а останатите пари се од ИПА-програмата.

Проектот ќе значи целосно обновување и рехабилитирање на канализационо-водоводната мрежа во Општина Прилеп, како и еколошка заштита на водите и земјоделското земјиште во иднина.

Пречистителната станица ќе биде ставена во функција во 2018 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.