ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа голем народен митинг во Прилеп, а пред прилепчани се обратија кандидатката за претседател на државата Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова и лидерот на партијата Проф. Д-р Христијан Мицкоски.
Професорката одржа 30-минутен говор пред големиот број прилепчани.
“Непотизмот и партиските вработување се проблем. Нам ни требаат во администрацијата да работат најдобрите. Младите во Македонија. Но што велат тие? До пред неколку месеци 58% сакаат да заминат, сега процентите се уште пострашни. Животот и иднината не ги гледаат овде. По секоја цена сакаат да си одат. Ако најдобрите бидат на најдобрите функции тогаш има место за нив во Македонија. Корупцијата е закана за суверена Македонија. Правото мора да преовладее!”, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.