Целосна трансформација! Прилепчанец стои зад целосната промена на изгледот на пејачката Анета Љумаковска (ФОТО)

Eдна од најпознатите фолк пејачки кај нас, Анета Љумаковска, ја изненади јавноста со целосна трансформација на својот изглед. Позната како вокал на битолската група “Молика”, по разводот со Џими Мицевски минатото лето, Анета започна соло кариера.

За новиот изглед на пејачката се погрижи прилепскиот стилист, Алек Палада, кој е познат по соработките со естрадните ѕведзи кај нас и во регионот.

– Промените започнуваат на крајот од твојата комфорна зона, напиша Алек за новиот изглед на Анета.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.