ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ИЛИНДЕНСКА ВО КРИВОГАШТАНИ

13-702x336

Лошата состојба во која се наоѓаше долг временски период, улицата “Илинденска” во Кривогаштани,  веќе е минато. Деновиве започнаа градежните зафати за целосна реконструкција на истата, каде што целосно се отстранува старата коловозна лента, за да се постави квалитетна основа, пропусти за атмосферската вода, канавки и нов коловоз. Жителите на оваа улица конечно ќе можат непречено да ги извршуваат своите секојдневни активности.

lll

Реконструкцијата на оваа улица е дел од проектот финансиран од Светска банка за изградба на 3 улици во општина Кривогаштани.Во тој проект влегуваат уште улицата во населеното место Обршани, какои и улицата која ги поврзува населените места Бела Црква и Воѓани, во вкупна вредност од 200.000 евра.

12121

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.