“Целосна блокада би била полша од вирусот”: Шведски лекар објаснува зошто имаат поразлична тактика од останатите држави

“Да, ние имаме поразлична тактика и во тоа ја поддржувам нашата влада. Во моментов никој во светот нема преземено вистински мерки против оваа болест. Шведската стратегија не говори дека вирусот е слаб и дека го потценуваме. Напротив, свесни сме за ситуацијата, но нема докази дека строг карантин ќе биде подобар од овој модел. Дури по 6 месеци ќе можеме да повлечеме линија и да кажеме чиј пристап беше подобар”, порача угледниот шведски невролог и анестезиолог Клаес Хултлинг.

Тој додава: “Не можете да ја уништете цела економија, да ги затворите сите дома, а да не сте сигурни како таа мерка ќе влијае на епидемијата”.

“Мерката “целосна блокада” со сигурност може да ја уништи економијата и животите на граѓаните и да не погоди полошо од вирусот. Целосниот карантин, гледаме по примерот на некои држави, делува, но по која цена и до кога би требало да се придржуваат до таа тактика? Нашата стратегија е максимално да се намалат контактите, особено со старите луѓе и оние со хронични заболувања. Сите лица кои се заразени и оние кои биле во контакт со нив се “ловат”, ситемот е така поставен да ги изолира семејствата и пријателите на заразените, а не цела држава. Тоа за сега делува, бидејќи Швеѓаните ако треба да се самоизолираат не излегуваат надвор да заразуваат други луѓе”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.