Во сабота 20 август 2016 во 20.30 часот на плоштадот Александрија на камената бина во рамките на Прилепското културно лето целовечерен концерт ќе одржи групата ,,Fin project,,. Публиката ќе има можност да го чуе препознатливиот и автентичен звук на традиционалната макеоднска музика во фузија со разни електронски аранжмани. Членовите на групата, Никола Стојковски, Влатко Георгеив и Даниел Маневски на кавал, Александар Николовкси – кларинет, Зоран Велковски на гитара, ќе приредат едно убаво уникатно музичко доживување зачинето со jazz rock и chill елементи.