Целовечерен концерт на Ансамблот “Танец” пред прилепчани

Ансамблот за народни песни и игри „Танец„ кој е душата на Македонија, симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении, ќе се претстави со целовечерен концерт на 21 јуни, четврток од 20.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“во Прилеп.

Публиката ќе има можност да присуствува на убаво музичко доживување, бидејќи ансамблот Танец, како амбасадор на македонскиот фолклор ќе се претстави со извонредна програма, преку која ќе го долови македонскиот фолклор, традиција и култура.

“Танец” е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија, а има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.

-Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето – велат од Танец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.