Да ја спасиме ногата на Андреа – 23-годишна девојка од Прилеп со срце поголемо од болката!
Фондацијата “Павел Андреев” објави иницијатива за собирање средства за млада прилепчанка, која мора итно да замине на операција на ногата во Турција.
Апелот во продолжение е на нејзината мајка Мариче:
Почитувани хумани луѓе,
Ве молам да одвоите миг и да ја чуете приказната на мојата ќерка – Андреа. Таа има само 23 години, но последните пет ги поминува во болка и страдање. Пред пет години преживеа тешка сообраќајна несреќа – несреќа што ѝ го промени животот засекогаш. Се здоби со повеќе тешки скршеници на целото тело, а нејзината нога беше двапати оперирана. За жал, ниту една од операциите не беше успешна.
Денес, Андреа живее со секојдневни и постојани болки. Не може нормално да се движи, не може самостојно да ги извршува ниту наједноставните обврски. Новите лекарски наоди укажуваат на сериозни оштетувања на коската – толку сериозни што, ако не се направи итна и прецизна операција во странство, постои реална опасност нејзината нога да мора да се ампутира.
Јас сум самохрана мајка. Андреа ми е сè во животот. Знам дека не можам сама да се справам со трошоците за третманот, но не можам ниту да прифатам дека моето дете ќе остане без нога затоа што немаме пари.
Затоа, со сето срце Ве молам – помогнете ни. Бидете дел од приказната што ќе ја врати надежта и животот на едно младо девојче. Секој денар значи чекор поблиску до спас. Да не дозволиме парите да бидат причината што ова дете ќе изгуби дел од себе.
Со благодарност и надеж до сите вас хумани луѓе од Мариче мајката на Андреа
АЈДЕ ХУМАН ПРИЛЕП, АЈДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО, да донираме кој колку може на линкот во продолжение: