Интер со 5:0 попладнево ја порази Џенова и се искачи на второто место на табелата во италијанската Сериа А.
Со головите на Галијардини во 14 и 49-та минута, Политано во 16-та и двата погодоци во 90-та минута на Најголан и Жоао Марио, “нероаѕурите” ја продолжија победничката серија.
Капитенот на македонската репрезентација кој настапува за Џеноа, го започна натпреварот од првата минута, а тренерот го замени во 54-та минута.
Пандев беше дел од шампионскиот тим на Интер во 2010 година, па токму поради тоа навивачите секогаш му оддаваат огромна почит.
Така беше и на денешниот натпревар кога Пандев излезе од игра.