Тотенхем денеска гостува во Скопје каде во рамките од третото коло од квалификациите за Лига Европа ќе игра против Шкендија.
Mурињо вчера пред натпреварот одговараше на прашања од новинари, а се јави и нашиот новинар од емисијата “Полн погодок”, Игор Александровиќ.
Тој го замоли Мурињо да се фотографираат во Скопје за фотографијата потоа да ја однесе на гpoбот на неговиот татко кој бил голем фан на Жозе Мурињо.
-Кога беше многу болен ми рече ако некогаш ве видам да направам фотографија со вас. Тој имаше голема почит кон вас. Ако ми дозволите да се фотографирам со вас, таа слика ќе ја урамам и ќе ја ставам на неговото вечно почивалиште. Ако натпреварот мине добро за вас и вашиот тим, дали би ми дозволиле да го направам тоа? – гласеше прашањето на Александровиќ, а потоа Мурињо одговори:
– Фотографијата нема врска со исходот од мечот. Ќе го направиме тоа. Ако може да се сретнеме пред натпреварот, ќего направиме тоа и тогаш, можеби ќе биде полесно така. Ако не ќе го направиме тоа после натпреварот. Ќе ми биде задоволство на тој начин да оддадам почит на вашиот татко – одговори Мурињо.
Jose Mourinho proving he really is the Special One ❤️ pic.twitter.com/i1cJ9v5BJu
— ESPN FC (@ESPNFC) September 23, 2020