Пред трката за големата награда на Монако, двајцата возачи на “Ред Бул”, Рикардо и Верстапен денеска ги забавуваа обожавателите на Формула 1.
Тие си поставуваа прашања за тоа која им е омилена трка, каде би сакале да отпатуваат, што е најглупавата работа која ја направиле…
Еден од последните предизвици беше погодувањето на државни знамиња, па во листата се појави и македонското знаме.
Рикардо ја покажа сликата, а Верстапен експресно одговори “Маcedoniaaa”, на што Рикардо рече дека тој е навистина добар.
Заклучок: Во светот сите не’ препознаваат како Македонија, а кај нас дома некој се радува дека наскоро можеби ќе го промениме државното име.