ЦЕЛА ПРИЛЕПСКА ЧАРШИЈА ДИСКОТЕКА: Нешто поразлично, нешто прекрасно, нешто нај, нај (ФОТО + ВИДЕО)

Иницијативата Јавен простор Прилеп претставува проба да се оживее централното градско јадро преку претставување и креирање на идејата дека јавниот простор треба да биде заедничко културно, рекреативно и социјално добро на сите граѓани, платформа за размена на идеи, мисли, искуства, предизвици, производи итн.

Јавен простор е јавна агора која инспирира и иницира креативност, иницијативност, одговорност, филатропија, волонтерство, инклузивност и сл.

Целта на оваа иницјатива е Јавен простор да прерасне во концепт по кој Прилеп ќе биде претпознатлив и повторно ќе ја изгради и врати позицијата на автентично и инспиративно место за живеење, дружење и творење.

Првиот настан “Ноќ на евергрини” кој се одржа по градскиот часовник беше доказ дека оваа иницијатива ќе му понуди на Прилеп нешто поразлично и нешто досега невидено во прилепската Стара чаршија.

Веќе во неделата се одржа уште еден музички спектакл! На истата локација повторно се собраа стотици луѓе и уживаа во хитовите од 80-тите години.

Целата прилепска чаршија ечеше од добра музика, а прекрасни луѓе имаше насекаде.

Затоа ова “Јавен простор Прилеп” ги заслужува сите аплаузи и сите честитки. Веруваме дека ќе продолжат во ист ритам и ќе продолжат да не радуваат со вакви настани.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата која ја приредија “Децата со наочарите”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.