Цела прилепска младина беше на едно место: Спортски настан кој до година ја заслужува целата поддршка! (ФОТО)

По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3” повторно се одржa во Прилеп.

Изминатиот викенд на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” се одржа 13-то издание на популарниот турнир во кое имаше пријавено над 20 екипи од Прилеп.

Она што можеше да се забележи двата дена од турнирот беше присуство на голем број млади луѓе, кои на едно место се забавуваа и уживаа во одлични баскет натпревари.

Еден одличен турнир и организација кои заслужуваат во иднина поголема поддршка и афирмација низ целата држава!

ФОТО: МОТION MEDIA




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.