“Цела Македонија се чуди на овој оглас, дали професиите и образованието се измешани?”

Најчудно е тоа што за советник за спорт се бара Правен факултет…

Општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 лица. Според огласот објавен на веб страната од Агенцијата за администрација отворени се следниве работни места:

Помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови за ова работно место: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, Урбанизам и планирање, Правни науки или Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

Основната плата изнесува: 32.900,00 денари.

Раководител на одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Основна плата: 29.720,00 денари

Советник за образование и спорт, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование, Правни науки или Јавна управа и администрација, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 26.275,00 денари

Помлад соработник за здравствена, социјална и детска заштита, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Здравствена нега (сестринство) или Социјална работа и социјална политика, со или без работно искуство во струката

Основна плата: 22.035,00 денари

Виш соработник за утврдување на приходи, Одделение за администрирање на приходи, Сектор за финансиски прашања

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Правни науки, најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Основна плата: 24.420,00 денари

Самостоен референт за заштита и спасување, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназиско, економска или правна струка, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Самостоен референт за локални патишта и улици, Одделение за локални патишта и улици, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (архитектонска, сообраќајна или градежна струка), најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Основна плата: 16.308,00 денари

Помлад референт за персонална евиденција, Одделение за управување со човечки ресурси

Посебни услови: ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно гимназиско образование или средно стручно образование (економска или дрвнопреработувачка струка), со или без работно искуство во струката

Основна плата: 13.500,00 денари

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Сите подетални информации погледнете ги ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.