Во пресрет на утрешниот неработен ден во земјава, речиси сите граѓани го испланираа викендот уште пред неколку недели наназад.
Место плус за сместување се бара низ целата држава, а со оглед дека временските услови се идеални за на плажа, очекувано речиси цела Македонија викендов се упатува кон Охрид и Струга.
Видео камерите на трите патарини од Скопје преку Тетово до Гостивар бележат гужва иако работат со полна пареа.
Иако Охрид дефинитивно ќе биде преполн со скопски туристи, тие попладнево се упатуваат и кон останатите туристички дестинации во земјава како Преспа, Дојран, Берово и Маврово.
Инаку во живо моменталната состојба низ целата земја и граничните премини можете да ја следите ТУКА.