На веб страната од Агенцијата за вработување денеска се објавени 4 огласи за вработување во КПУ 3aтвop Прилеп.
Првиот оглас е за вработување на едно лице на позиција надзорник за плата во висина од 14,962 денари. За кандидатите потребно е да имаат две години работно искуство.
Вториот оглас е за вработување на три лица на работна позиција надзорник, за плата во висина од 15,718 денари месечно. Заинтересираните кандидати треба да имаат 3 години работно искуство според огласот.
Третиот оглас е исто така за надзорник и се бара едно лице за плата во висина од 14,206 денари, притоа лицето треба да има една година работно искуство.
Последниот оглас е за вработување на четири лица на работната позиција соработник. Платата за ова работно место изнесува 22,522 денари, а лицата потребно е да имаат една година работно искуство.
Oгласите се објавени денеска 05.09.2019, а траат до 08.09. (недела).