Jaвното комунално претпријатие Водовод и канализација – Прилеп објави низа огласи за вработување на повеќе работни позиции.
Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат:
Две лица како одржувачи на други машини/Одржувач на пречистителна станица
Основната плата за ова работно место изнесува 18.700 денари.
Едно лице за работно место електротехничар – основна плата 20.900 денари
Две лица за едноставни лабораториски работи – основна плата 20.900 денари
Три лица за општ работник – основна плата 17.215 денари
Еден водоинсталатер – основна плата 18.700 денари
Шест градежни инженери – основна плата 26.455 денари
Огласите се активни до 20.02.2020 година.