Цела болница плачела по Драган Николиќ: “Што правам јас овде, носете ме во кафеана”

dragan-nikolic-foto- (1)

Последните денови пред смртта, Драган Николиќ, ги помина во болница. Актерот кој почина на 72 години, верувал дека ќе се извлече од канџите на смртта, постојано се смеел и бил пријател со лекарите.

– Беше особено внимателен, го знаеше името на секој од медицинскиот персона, доктор, сестра, болничар, како и нивните прекари. Ведриот дух и позитивното размислување ги задржа и покрај тешката болест. Секогаш пријатен, шармантен и насмеан. Во деновите кога беше расположен бараше да оди во кафеана со својата сопруга и кумата. Што правам тука, велеше…сакам во кафеана таму ми е местото…велел Гаги, вели извор од болницата.

Тој следел се што медиумите пишуваат за него и се заблагодарувал за огромната поддршка од фановите. Целиот колектив на болницата многу жалел за трагедијата.Велат плачеле како деца кога тој починал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.