Утре (сабота 14.09.), со почеток од 21:00 часот под Градскиот саат во Прилеп, свое прво музичко претставување ќе има музичкиот состав “Тhe Dreamers”.
Mузичкиот настан е во организација на “Јавен Простор Прилеп”, Театар „Чин 4 Сцена 5“ и “Чоше Кафе”, а ветува одлична забава и уживање во еден поинаков несекојдневен вид на изведба на музички хитови.
Овој музички состав кое веруваме дека ќе биде трајно, е нешто што му требаше на Прилеп и нешто што одлично ќе ја збогати музичката сцена во градот.
“Тhe Dreamers” е бенд составен од четири члена, вокалите Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска (дипломирани соло пејачи на Музичката академија во Скопје), актерот Милан Секулоски и Кире Најдоски (вокал и синтисајзер).
“Ве покануваме да ги запознаете и чуете The Dreаmers и нивните преработки на диско, поп и рок хитови во Jazzy Swing Slow Sexy атмосфера. Девојката фризер, девојката позади пангото кај парфемите, дечкото со ајвата и магационерот, ќе ве однесат во светот на светските хитови на еден секси и исклучително топол начин. Се собраа полека, спонтано и решија тоа што си го сонуваат секој ден, да ни го пренесат и нам, и сите заедно со отворени очи да ги почувствуваме миризбите на: I was meade for loving you, Shoot your shot, Каде е Крајот, Blured lines…”, стои во описот на настанот на Фејсбук.