Целата музичка естрада на едно место: Во прилепско ќе се одржи голем хуманитарен концерт за доизградба на манастирот Св. Атанасие

Голем број музички имиња ќе настапат на хуманитарниот настан за доизградба на манастирот Св. Атанасие во населеното место Ропотово, општина Долнени.

Манастирот започна да се гради во октомври 2016 година, кога беа осветени темелите.

Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 17.06.2019 (понеделник), со почеток од 18:00 часот, во О.У. “Ѓорче Петров” во Ропотово.

Ќе настапат: Јордан Митев, Група Маестрал, Ирена Спасовска, Оливер Лозаноски, Снеже Радичевска, Дамјан Стојаноски, Сања Ристеска, Спасен Сиљаноски и Далибор Ѓошиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.