ЦАРИНИЦИТЕ НЕ МОЖЕЛЕ ДА ВЕРУВААТ: Наместо пријавените часовници, во пратката пронашле…

Цариниците секојдневно се соочуваат со различни обиди за криумчарење, но она што го доживеале денес оние цариници кои детално ги контролирале поштенските пратки, ги преминува сите граници.

Во една пратка пронајдени се препарирана глава и рака од американски алигатор, соопштуваат од Царинската Управа на Србија.

“Во пратката која во Пошта Белград стигна од Америка за примач од Аранѓеловац, пријавени биле два рачни часовници, но цариниците пронале нешто друго. Делови од тело на американски алигатор за кој постои сомневање дека припаѓа на заштитен вид”, пишува во соопштението.

Препарираните експонати се предадени на Републичката инспекција на Министерството за заштита на животна средина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.