Диме Бозоски, познат стопанственик од Прилеп, кој се наоѓа на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ, е вториот од идните советници кој јавно се откажува од советничкиот хонорар.
Претходно тоа го стори и Д-р Кире Јоноски, ортопед во прилепската болница кој се наоѓа на третото место на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ.
Бозоски пак се наоѓа на шестото место.
“Почитувани, како дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, во ова време на глобална пандемија и економска криза, сакам да им помагам на оние на кои им е најпотребно со повеќекратна донација. Имено, целиот мој приход од светничката плата ќе биде наменет за добротворни цели во наредните четири години. Секогаш во служба на моите прилепчани. За подобро утре”, напиша Бозоски.