Хуман гест на прилепчанец во пресрет на Велигден! Нашето малку, за некој може да значи премногу на празничната трпеза, да го следиме овој пример

Нашиот сограѓанин Кире Сваќароски – Бакла, на својот ФБ профил започна една хумана иницијатива, која се надеваме дека во духот на православието ќе ја следат и други граѓани, па и фирми од Прилеп.

За што точно станува збор, прочитајте го ФБ статусот на Сваќароски во продолжение:

-Почитувани пријатели од секогаш сум бил спремен да помогнам на било кој начин онаму каде што треба и колку што можам но инспириран од неколку хумани потези на хуманитарци во овај велигденски пост решив да се приклучам и јас ,а можеби и некој ќе мотивирам да донира како мене и останатите.

Имено станува збор за мала донација за 20 социјално загрозени семејства.

Донирам на 10 семејства по ЕДНА ТАБЛА ЈАЈЦА од семејство во среда од 13 часот до 16 часот пред дисконтот за маслинки кај чичко Цане спроти театарот..

Исто така 10 безплатни стрижења за социјално загрозени од 16 часот до 18 часот во берберница кај ИЛАКО со локација 50 метри од чешмата викана Чкатра

За многу години да ни е Велигден Христовото Воскресение – напиша Кире.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.