Вечерва со почеток од 19:00 часот во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, ќе се одигра ракометното дерби од Супер лигата за мажи помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Охрид. Средбата освен натпреварувачки има и хуманитарен карактер. Средствата од влезниците кои ќе чинат по 50 денари ќе бидат донирани за лекување на малата Сара Шошеска. Да бидеме хумани и да дадеме мал придонес во спасувањето на млад живот.