По повод празникот 11-ти Октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ ,Здружението „Прилепски бранители“ заедно со ЈП за ПУП , ЈКП “Пазари“, Локалната самоуправа-Прилеп и компанијата „Комфи ангел“ оранизираа хуманитарна акција, во која беа поделени производи на компанијата за семејствата на бранителите.
Од компанијата „Комфи ангел“ истакнаа дека соработка со бранителите нема да прекини, “ затоа што тие се најдоа на браникот на нашата татковина кога беше најпотребно за да ја одбранат „- рече Ирена Јакимоска, менаџер на компанијата која нагласи дека компанија веќе донесе одлука да вработи и челенови од семјствата на Здружението на бранителите, доколу некој од нив има потреба од вработување.
„Компанијата „Комфи Ангел“ е една од опшествено најодговорни компании во Прилеп и во Р.Македонија, која секогаш излегува во пресрет кога се во пршање хуманитарните акции“ , истакна градоначалникот на Прилеп ,Марјан Ристески, притоа заблагодарувајќи им се и на прилепските бранители за нивната храброст и пожртвуаност, кога е во прашање одбраната на татковината.